
Манчестер Јунајтед се чини дека брзо го најде својот нов менаџер. На „Олд Трафорд“ треба да пристигне португалскиот стратег Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.
Аморим го дал своето зелено светло за трансферот од Португалија во Англија, а останува Јунајтед да ја исплати откупната клаузула од 10 милиони евра. Со ова, Аморим ќе стане најскапо платениот тренер на сите времиња во смисла на исплатено обештетување, со оглед на тоа дека и Спортинг го купи од Брага за 15 милиони евра.
Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, Аморим ќе потпише договор на три години со годишна плата меѓу седум и осум милиони евра.
Во четирите години во Спортинг, Аморим освои две титули во португалската лига, два Купа и еден Суперкуп, истовремено промовирајќи неколку млади играчи. И оваа сезона го води тимот успешно и е прв на табелата со три бода пред Порто и осум пред Бенфика.
И покрај повикот на средина на сезоната, Аморим одлучи да го прифати проектот на „црвените ѓаволи“, а сега сè зависи од тоа кога Манчестер Јунајтед ќе ја исплати договорената сума.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
