Манчестер Јунајтед размислува да му го понуди на италијанскиот шампион Интер, својот фудбалер Арон Ван-Бисака, а за возврат сака да го добие Дензел Дамфрис. Менаџерот Ерик тен Хаг очајно сака да го засили тимот со нов страничен фудбалер.
„Црвените ѓаволи“ имаа интерес за Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен, но Мароканецот веќе се договори за трансфер во Вест Хем. Поради тоа, од „Олд Трафорд“ се насочија кон 28-годишниот Дамфрис.
Ван-Бисака одби трансфер во Вест Хем, а Манчестер Јунајтед сака да се раздели со него бидејќи му останува уште една година до крајот на договорот.
Дамфрис одигра пет натпревари за Холандија на ЕВРО 2024, вклучувајќи го и поразот во полуфиналето од Англија. Тој би понудил многу повеќе идеи во нападот од Ван-Бисака.
Јунајтед веќе се засили со централниот дефанзивец Лени Јоро од Олимпик Лион, како и со напаѓачот Џошуа Зиркзе од Болоња. „Црвените ѓаволи“ се приближуваат и кон играчот од средината на Пари Сен Жермен, Мануел Угарте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













