Бразилскиот напаѓач Ентони веќе не е во прв план во Манчестер Јунајтед и клубот му порачал дека најдобро е да си замине, можеби уште во јануари.
Со заминувањето на холандскиот стратег Ерик тен Хаг и доаѓањето на Португалецот Рубен Аморим, Ентони стана вишок во тимот. Тен Хаг и Ентони се поврзани од заедничкиот период во Ајакс, каде што Бразилецот играше одлично и беше еден од клучните играчи.
Со пристигнувањето во Јунајтед, Холанѓанецот го поведе Ентони со себе и ја убеди управата да плати огромни 95 милиони евра за него. Меѓутоа, очекувањата не беа оправдани.
Неговата цена драстично падна и сега вреди само 20 милиони евра.
Ентони во тековната сезона постигна само еден гол, и тоа во релативно неважен натпревар во ЕФЛ купот, а настапи само на пет натпревари, главно влегувајќи од клупата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













