Рубен Аморим наскоро ќе замине за Англија, каде што ќе ја преземе улогата на нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Според договорот, Спортинг Лисабон ќе добие отштета од 10 милиони евра, а навивачите на „Олд Трафорд“ го очекуваат Аморим со големи надежи, верувајќи дека ќе го извлече клубот од кризата која го следеше под водство на Ерик тен Хаг.
Иако пред него е голем предизвик, 39-годишниот португалски тренер може да добие важно засилување во јануари.
Според најавите, шведскиот напаѓач Виктор Гиокереш, кој прикажува одлични игри за Спортинг Лисабон, би можел да му се приклучи на Рубен Аморим во Јунајтед.
Неговата клаузула изнесува 100 милиони евра, а наводно „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат за да го доведат одличниот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













