Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед планира да се откаже од понуда за одбранбениот играч на Евертон, Џеред Брентвејт. “Црвените ѓаволи” го следат со интерес играчот веќе неколку месеци.
Иако понудија 43 милиони фунти, менаџментот на “карамелите” ја одби понудата и настојуваат да добијат најмалку 50 милиони.
Раководството на Манчестер Јунајтед објави дека размислува да ја повлече својата понуда. Една од алтернативите за централен одбранбен играч е Матијс де Лихт од Баерн Минхен.
21-годишниот Брентвејт пристигна на „Гудисон Парк” во 2020 година, кога тренер беше Карло Анчелоти. Одигра 54 натпревари и постигна четири гола за тимот од градот на Битлси.
Во својата кариера, тој играше и за Карлајл Јунајтед, Блекбурн Роверс и за ПСВ Ајндховен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













