
Британскиот милијардер сер Џим Ретклиф стана сопственик на 25 отсто од Манчестер Јунајтед. За влез во клубот издвои 1,3 милијарди фунти и планира огромни инвестиции со оглед дека е задолжен за спортскиот сегмент на клубот. Меѓу плановите е и уривање на „Олд Трафорд“ и изградба на нов стадион.
Сер Џим Ретклиф од вчера и официјално е дел од сопственичката структура на Манчестер Јунајтед. 71-годишниот британски милијардер потроши 1,3 милијарди фунти за да купи 25 отсто од клубот од семејството Глејзер и ќе биде задолжен за спортскиот оддел на клубот.
Ретклиф планира да вложи 245 милиони фунти во засилувања, но тоа е мала бројка во споредба со сумата што е подготвен да ја вложи за уривање на „Олд Трафорд“ и изградба на нов стадион.
Еден од најбогатите луѓе во Велика Британија е подготвен да вложи дури две милијарди фунти во тој проект. Постои опција за реновирање на одредени делови, но многу поизвесно е дека „Театарот на соништата“ наскоро ќе стане руина.
Извршниот директор на архитектонската компанија „Популус“, Крис Ли, смета дека нов стадион е најисплатливото решение за Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
