
Манчестер Јунајтед ќе достави понуда до Лацио за Сергеј Милинковиќ-Савиќ во случај Френки де Јонг, кој е голема желба на тренерот Ерик тен Хаг, да остане на ставот дека не сака да се пресели на „Олд Трафорд“. Србинот и во минатото беше поврзуван со можен трансфер во Јунајтед, но тоа никогаш не се реализираше поради барањата на римскиот клуб кои надминуваа и 100 милиони евра.
27-годишниот играч од средниот ред сега има валиден договор со Лацио до крајот на јуни 2024 година и цената секако не е толку голема. Сепак, прашање е дали и СМС би се согласил на трансфер на „Олд Трафорд“.
Една од причините е тоа што Манчестер Јунајтед нема да биде учесник во Лигата на шампионите, тврдат италијански извори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
