
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед постави цена од 58 милиони евра за Мејсон Гринвуд, пренесуваат британските медиуми.
Крилниот напаѓач оваа сезона е на позајмица во Хетафе, каде веќе забележа осум гола и пет асистенции на 27 настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е до летото 2025 година, но раководството на клубот сѐ уште ги разгледува опциите за неговата иднина.
Интерес за играчот има од многу тимови, а менаџерот Ерик Тен Хаг изјави дека би бил среќен крилниот напаѓач да се врати на „Олд Трафорд“.
Сепак, клубот многу повеќе би сакал да биде продаден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
