Раководството на Манчестер Јунајтед изгледа го направи својот избор за тоа кој ќе биде новиот дефанзивен играч за врска на тимот. Според англиските медиуми, тоа ќе биде играчот од средниот ред на Барнли, Сандер Берге.
20-кратните шампиони првично го сакаа Мануел Угарте, но високата цена која Пари Сен Жермен ја постави ги оддалечи од Уругваецот. Во последните два дена „црвените ѓаволи“ имаа двоумење меѓу Сандер Берге од Барнли и Јусуф Фофана од Монако.
Меѓутоа, во моментов изгледа дека се одлучиле за Норвежанецот.
Цената на Берге во споредба со Угарте и Зубименди, кој исто така беше посочен како потенцијална цел, е значително пониска. Барнли постави цена од 30 милиони фунти за 26-годишниот Берге.
Од „Олд Трафорд“ засега изразиле подготвеност да платат 10 милиони помалку. На Норвежанецот ќе му биде понудена плата од 100.000 фунти неделно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













