
Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува изненадувачка понуда за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, тврдат неколку шпански медиуми. Договорот на италијанскиот стратег со Реал истекува на крајот од сезоната, а шпекулациите се дека тој ќе ја преземе репрезентацијата на Бразил.
Анчелоти веќе имал неколку разговори со претставници на Бразилската фудбалска конфедерација, но сѐ уште ништо не е официјализирано.
Анчелоти, кој во кариерата раководеше со два англиски тима, Челси и Евертон, исто така би сакал да продолжи на кормилото на Реал Мадрид доколку му биде понуден нов договор.
Според радиото „Кадена Коп“, Манчестер Јунајтед ќе направи сѐ за да го убеди Анчелоти да се врати во Премиер – лигата и да ги преземе „црвените ѓаволи“. Англискиот гигант се претстави далеку под очекувањата под водство на Ерик тен Хаг, и според овие извори, неговите денови на „Олд Трафорд“ се чини дека се одбројани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
