
Манчестер Јунајтед официјално објави дека Антони (22) кој пристигна од Ајакс стана нов фудбалер на клубот. Вредноста на трансферот се проценува на 95 милиони евра, што е апсолутен рекорд во светот на фудбалот ова лето.
За овој трансфер се зборуваше многу во претходните недели, бразилскиот репрезентативец сакаше по секоја цена да го напушти Амстердам за да го засили Манчестер Јунајтед.
Англичаните не штедеа пари, па ја ставија раката длабоко в џеб и извадија дури 95.000.000 евра, во моментов тоа е најскапото засилување во летниот преоден рок 2022 година.
Во Јунајтед, Антони го чека Ерик тен Хаг и познатиот систем на работа од Ајакс кој Холанѓанецот се обидува да го воспостави на „Олд Трафорд, а претходно го донесе и Лисандро Лопез за 57 милиони евра.
An agreement has been reached for the transfer of @Antony00 🤝🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 30, 2022

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
