
Манчестер Јунајтед тргнува во пресврт. Клубот од „Олд Трафорд“ сака да го купи капитенот на Англија, Хари Кејн, пред носот на градскиот ривал Манчестер Сити. Пеп Гвардиола призна дека „граѓаните“ немаат пари за да го купат најдобриот фудбалер на Тотенхем, а тоа сака да го искористи Оле Гунар Солскјер.
По ангажманот на Џејдон Санчо, приоритетна цел на Солскјер е да купи еден дефанзивец, но секако нема да ја испушти шансата за најголемиот трансфер, на капитенот на репрезентацијата на Англија, Хари Кејн.
Според медиумите на Островот, Тотенхем би го продал Кејн за 170 милиони евра, односно 120 милиони евра и двајца фудбалери кои од Манчестер Јунајтед би се преселиле во Лондон. Едниот е Антони Марсијал, за кого се стеснува просторот за играње во тимот на „ѓаволите“, а вториот би можел да биде Мејсон Гринвуд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
