Connect with us

Манчестер Јунајтед достави понуда за Дани Олмо

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед испрати понуда за шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, пренесува „Ел Насионал“. Се работи за понуда која изнесува околу 60 милиони евра на која Лајпциг ќе треба да одговори во наредните неколку денови.


Освен од Јунајтед, Олмо моментно има понуда и од Баерн Минхен, но таа не е официјална. Станува збор за устмена понуда што му ја дал Џулијан Нагелсман, актуелниот тренер на Баерн и човекот кој раководеше со Олмо кога работеше како тренер во Лајпциг. Се уште не се знае дали и Баерн ќе ја официјализира нивната понуда.

Доколку се оствари оваа зделка, тоа би била одлична вест и за Динамо Загреб. Хрватскиот шампион го продаде Олмо на Лајпциг со клаузула во договорот според која има право на 20% од следниот трансфер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови