Манчестер Јунајтед испрати пакет понуда до Баерн Минхен за Матијс де Лихт и Нусар Мазрауи, информира „Атлетик“. Изворот не открива каква е конкретната сума на понудата, но додава дека била одбиена од управата на Баварците, кои инсистираат на повисока сума.
Сепак, преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат.
Личните услови на играчите се договорени, и тие ќе потпишат договори на пет плус една година, ако Манчестер Јунајтед успее да ги финализира трансферите.
До овој момент „црвените ѓаволи“ се засилија со Џошуа Зиркзе и со Лени Јоро. Сепак, последниот се здоби со повреда уште во вториот свој натпревар од претсезонската подготовка и ќе се опоравува околу три месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













