Ерик тен Хаг веројатно нема да може да смета на еден од најконстантните играчи на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, до крајот на сезоната. Непријатната вест сѐ уште не е официјално потврдена од клубот, но според информациите на британските медиуми, англискиот интернационалец ја обновил повредата на мускулот на ногата.
Шо беше заменет на полувремето против Астон Вила, но потоа стартуваше против Лутон викендот. 28-годишниот фудбалер пропушти три месеци на почетокот на сезоната поради проблем со бутниот мускул и сега се очекува да ги пропушти последните 13 натпревари од сезоната. Ова е сериозен удар за амбициите на тимот кој се бори за четвртото место во Премиер – лигата.
Повреден е и централниот дефанзивец Лисандро Мартинез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













