Connect with us

Манчестер Јунајтед без капитенот во финалето на Лига Европа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се подготвуваат за финалето од Лигата на Европа против Вилјареал на 26 мај во Гдањск. Хендикеп за „ѓаволите“ е што тие најверојатно нема да можат да сметаат на својот капитен Хари Мекгваер. Причината за неговото отсуство е повредата на лигаментите на скочниот зглоб.


Оваа вест ја потврди и менаџерот, Оле Гунар Солскјер.

„Хари може да оди, но, искрено, далеку е од трчање. Не верувам дека ќе го видиме во Гдањск. Сепак, како што реков и претходно, ќе го чекаме вторник навечер, кога го имаме последниот тренинг, па ќе видиме дали може да излезе на теренот. Закрепнува полека, но на лигаментите им е потребно подолго време да заздрават. Тој е многу важна фигура во соблекувалната, лидер. Пред да се вратат навивачите, верувам дека можевте да го слушнете од трибините. Тој ќе биде со нас, ќе биде во соблекувалната и ќе се погрижи сите да бидат подготвени за финалето“, изјави Солскјер.

Убава вест за Јунајтед е дека повредениот Антони Марсијал најверојатно ќе биде подготвен за финалето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови