
Грузискиот голман, Георги Мамардашвили, по значајната победа над Реал Мадрид (1-2) откри интересна ситуација која се случила пред пеналот што Винисиус Жуниор го изведуваше за кралскиот клуб. Мамардашвили откри дека се обложил со Бразилецот за 50 евра, ветувајќи му дека ќе му одбрани пеналот, а по завршувањето на натпреварот додаде со насмевка:
„Разговарав со Винисиус и ми е должен 50 евра“, изјави Мамардашвили. Кога новинарите го прашаа „Како тоа?“, тој одговори:
„Му реков дека ќе се обложиме за 50 евра дека ќе му го одбранам пеналот. Тој се согласи, јас го одбранив и победивме. Сега треба да ми плати, но сѐ уште не ми дал ништо“, додаде голманот на Валенсија.
Мамардашвили наскоро ќе ја напушти Валенсија и ќе стане новиот голман на Ливерпул, откако потпиша договор со англискиот клуб минатото лето, но оваа сезона остана на позајмица во Валенсија. Во исто време, македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, за жал, поголемиот дел од сезоната го помина како резерва на клупата на Валенсија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
