Connect with us

Малдини ги откри тројцата најдобри фудбалери кои ги видел во кариерата

Легендата на Милан и на италијанската репрезентација, Паоло Малдини, ги избра тројцата најдобри играчи кои ги виде во текот на својата кариера.


Како играч, Малдини ја делеше соблекувалната со великани на светскиот фудбал, а играше против најголемите имиња. Тој откри дека Меси, Марадона и Роналдо се тројцата најдобри што ги видел во кариерата.

Само еден од нив е се уште активен – Меси, кој досега во клупската кариера одигра 824 натпревари и постигна 690 гола со 326 асистенции.

Другите двајца играчи кои ги нарече најдобри се Аргентинецот Диего Марадона и Бразилецот Роналдо. Првиот почина на 25 ноември 2020 година. Во клупската кариера билансот му е 343 натпревари, 159 голови и 79 асистенции. Во репрезентацијата на Аргентина настапи 90 пати и постигна 34 гола.

Роналдо има уште поимпресивен настап во тимовите. За Бразил одигра 99 натпревари, постигна 62 гола и имаше 17 асистенции. Одличен е и неговиот клупски ефект, 452 натпревари, 295 гола и 75 асистенции.

Што се однесува до Малдини, тој за „росонерите“ играше како сениор цели 24 години, а вкупно забележа 647 настапи и постигна 29 гола. Седум пати беше шампион на Италија, а пет пати ја освои Лигата на шампионите. Дресот со број „3“ што го носеше во Милан е повлечен од употреба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови