Брегалница и Шкендија во Штип го отвораат 15.коло од Првата фудбалска лига. Тетовци се надеваат дека ќе стигнат до триумф кој би бил од големо значење во трката за врвот на табелата со Шкупи и со Струга ТЛ.
Методи Максимов се надева дека тимот ќе одигра на потребното ниво, иако знае дека Брегалница на домашен терен е силен ривал.
„Имавме репрезентативна пауза, но сега е зад нас. Сега се фокусираме само на Брегалница, која според мене е тежок ривал. Брегалница на домашен терен е пред сѐ силен тим, но одиме со мисла дека ќе ги донесеме трите бода на Тетово и ќе прикажеме добра игра. Шкендија игра на победа на секој натпревар. Нема разлика дали сме гости или играме на домашен терен. Одиме на победа и во Штип и очекуваме и се надеваме дека тоа ќе го оствариме“, вели Методи Максимов, фудбалерот на Шкендија и младиски репрезентативец.
Останатите натпревари од 15.коло се играат утре.
ПРВА ЛИГА, ДВОЈКИ 15.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (денеска, 13 часот)
УТРЕ
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
СИЛЕКС – ВАРДАР
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – БРЕРА
СТРУГА – ВОСКА СПОРТ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













