
Светскиот првак Франција доживеа елиминација во осминафиналето на Европското првенство, а јавноста бара одговори зошто се случи овој дебакл. Многумина сметаат дека враќањето на Карим Бензема го нарушил балансот во соблекувалната.
Проблем на француската соблекувална е враќањето на Карим Бензема во националниот тим по пет години. Бензема беше дел од скандал откако од неговиот соиграч Матие Валбуена сакаше да изнуди 150.000 евра за да не објавува видео од негов сексуален чин со наводна малолетничка, а подоцна изјави дека Дешамп подлегнал на расистички притисок и затоа тој не е во националниот тим.
Француските медиуми пишуваат дека Бензема е вратен во националниот тим со одлука на францускиот претседател Емануел Макрон. Наводно, првиот човек на Франција сериозно се обврзал Бензема да игра на Европското првенство.
Тоа не им одговараше на водечките ѕвезди на тимот, Антоан Гризман и Пол Погба. Французите колективно веруваат дека враќањето на Бензема сериозно ја наруши рамнотежата во тимот.
Поради ова, Гризман започнал да се однесува поинаку кон своите соиграчи. Тој лесно знаел да ги налути соиграчите поради неговото големо его. Тој постојано потенцирал: „Повторно јас ве спасив, момци“, за да докаже дека неговото присуство е поважно од враќањето на Бензема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
