Дојде Гоце Седлоски и го „живна“ Вардар. Понекогаш е потребна цврста рака, а Седло важи за тренер кај кого нема импровизации и секој мора да го даде максимумот. Токму на тој начин Вардар и дојде до победа во скопското дерби против Шкупи (3-2).
Не дека во оваа победа нема удел и претходникот Срѓан Захариевски, ама Седлоски веднаш успеа да го исправи бродот на Вардар и освои три бода кои се екстремно важни во трката за бегство од опасната зона на табелата.
МАКФУДБАЛ го избра Гоце Седлоски за најдобар тренер во 14.коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













