Беласица има шанси да се спаси и ќе работиме напорно се додека има и најмали можности за тоа. Така најави Ѓоре Јовановски веднаш откако го прифати предизвикот да седне на клупата на последнопласираниот тим на табелата во Првата фудбалска лига. Мисијата е зацртана и треба да реализира.
Искусниот лисец има план како тоа треба да го оствари и ако е според почетокот, навистина е реално. Беласица прикажа одлична игра на гостувањето во Тетово против Ренова, тимот игра на гол повеќе, сака да ја грабне секоја шанса пред противничкиот гол и да постигне погодок.
Ѓоре Јовановски експресно ја реорганизира Беласица, создаде компактен тим кој сега, за разлика од есента, треба да биде конкурентен на секој прволигашки натпревар. Струмичкиот прволигаш и понатаму е на дното, но сега разликата во однос на конкурентите и не е така недостижна.
Во изборот на МАКФУДБАЛ, Ѓоре Јовановски е најдобар тренер во 19.коло од Првата фудбалска лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













