Млад, амбициозен, со забележителна фудбалска кариера и интернационално искуство. Никола Карчев се нафати на нов предизвик, во зимската пауза го презеде тимот на второлигашот Кадино и напорната работа се чини дека дава резултати.
Одекна убедливиот триумф на Кадино (0-3) на гости против Гостивар, тим кој се уште има амбиции дури и за влез во елитата. Но, составот на Кадино комплетно го надигра домаќинот, Карчев ја прочита играта на противникот, постави неколку замки во кои се уловија фудбалерите на Гостивар. По половина час игра веќе беше 0-2, во самиот финиш Кадино постигна и трет погодок за комплетирање на убедливата победа.
Никола Карчев е најдобар тренер на 18.коло во вторите лиги, во изборот на МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













