
Силекс и Работнички се тимовите кои блеснаа оваа есен и застанаа рамо до рамо со Шкендија, клубот кој дефинитивно има најголем буџет во Првата фудбалска лига. Александар Васоски и Горан Станиќ завршија одлична работа со своите екипи, завршувајќи во водечкото трио на табелата со по 37 бода.
Горан Станиќ дојде ненаметливо на клупата на Работнички минатата сезона, ја доби довербата по заминувањето на Гоце Седлоски и успеа да извлече максимум со тимот кој претходно не ги бележеше очекуваните резултати. Раководството на клубот направи одличен потег и му даде целосна доверба да работи, а тој успеа тимот да го трансформира во „победничка машина“.
Александар Васоски се раздели со Вардар и одлучи да замине во Кратово преземајќи го Силекс и тогаш многумина се прашуваа што може да направи со овој тим. На крајот, приказната излезе како бајка, популарниот Тетовче склопи одличен тим, доведе неколку квалитетни фудбалери и уште поважно, ги спои коцките од мозаикот на најдобар начин.
Горан Станиќ и Александар Васоски се лауреати на МАКФУДБАЛ за најдобар тренер на полусезоната, делејќи го ова признание.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
