Максимално изненадувачки стартуваше новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шкендија и Работнички разочарувачки за своите навивачи, Вардар по бледиот старт се врати во ритам, а со позитивен старт Академија Пандев и Македонија ЃП поради што и доминацијата на фудбалерите од овие два клуба во изборот на МАКФУДБАЛ за Тимот на месец август во најсилното домашно клупско натпреварување.
Согласно ефектот во изминатиот месец, без сомнение чуварот на мрежата на Академија Пандев, Душан Чубраковиќ е носителот на признанието играч на месецот во најсилната македонска фудбалска лига. Одличен во почетните дуели од шампионатот како начин и за позитивните резултати на „пандевци“. Во одбраната на централните дефанзивни позиции и неговиот соиграч Марио Маслаќ како и Есмин Личина од Македонија ЃП. На крилните одбранбени позиции Башким Велија од Ренова и Бразилецот Реис Жуниор кој игра одлично во дресот на Вардар.
Во средниот ред се издвоија двоецот на Македонија ЃП, Боби Божиновски и Бенјамин Демир, како и креаторот на играта на Силекс, Филип Дурански, дополнети со капитенот на Академија Пандев, Љупче Дориев.
И, во офанзивната линија, напаѓачот на Шкупи, Марин Јурина, заедно со хрватскиот интернационалец Никола Прелчец кој ја донесе досега единствената победа за Борец во првенството, и тоа против Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal