Работнички е единствениот непоразен тим во Првата фудбалска лига. Тимот на Горан Станиќ продолжи со одлични игри и по репрезентативната пауза и му го нанесе првиот пораз (1-0) на Гостивар во дербито на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Силекс фрли „атомска бомба“ во Гостивар и сериозно ја разниша тренерската клупа на Ќатип Османи. Составот на Александар Васоски му приреди дебакл на шампионот среде Струга.
Вардар реди порази, четврти е веќе во низа, а Беса покажува дека иако е дебитант нема да биде лесен ривал за никого во елитата. Дури и Воска одвреме навреме знае да изненади, па така успеа да освои бод во Струмица против Брера.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим за 10.коло во Првата фудбалска лига. Го предводи стратегот на Силекс, Александар Васоски.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 10.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА
- ИГОР АЛЕКСОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
- ИМРАН ФЕТАИ (БЕСА)
- ЕГЗОН БЕЛИЦА (РАБОТНИЧКИ)
- АНТОНИО ИЛИЕСКИ (ВОСКА СПОРТ)
- МАРТИН ЃОРЃИЕВСКИ (БРЕРА)
- БЕСИР ДЕМИРИ (РАБОТНИЧКИ)
- ЏЕМАИЛ ЕСАТИ (БЕСА)
- ОСМАН МАРОНГ (СИЛЕКС)
- АТДХЕ МАЗАРИ (РАБОТНИЧКИ)
- МАРКО ЃОРЃИЕВСКИ (СИЛЕКС)
- AДИ АЛИЌ (СИЛЕКС)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski