
Вардар ја превзема лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига убедливата победа против Силекс од 3-0, а искористувајќи го и ремито на Академија Пандев со Шкупи. Шкендија полека се враќа во победничкиот ритам, нанижувајќи го и третиот едноподруго триумф, а Ренова, пак, по трите претходни порази триумфираше на гостувањето против Македонија ЃП.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 7. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. КЛЕР ТХУЛИО (ШКУПИ)
Еден од најдобрите во тимот на Шкупи во ремито без голови на гостувањето против Академија Пандев. Имаше неколку извонредни интервенции спречувајќи погодок на домашната екипа.
2. ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ (ВАРДАР)
Најдобриот во составот на Вардар во триумфот против Силекс. Асистент на погодокот на Аврамовски, а го изнуди и ударот од белата точка за конечните 3-0 на „црвено-црните“.
3. ДИМЕ ДИМОВ (АК.ПАНДЕВ)
Сигурен во одбраната на Академија Пандев, во цврст натпревар со Шкупи, кој заврши на крајот без постигнат погодок.
4. НЕНАД МИШКОВСКИ (РЕНОВА)
Вообичаено сигурен во дефанзивата на „гипсарите“, неутрализирајќи ги нападите на домашните отворајќи пат за триумф на Ренова.
5. РЕИС ЖУНИОР (ВАРДАР)
Игра во одлична форма во дресот на Вардар. Повторно стрелец во новата победа на најтрофејниот македонски клуб.
6. АЛЕКСАНДЕР БОРХА КОРДОБА (РАБОТНИЧКИ)
Еден од најзабележителните поединци во редовите на Работнички. Стрелец и на единствениот гол во ремито на „романтичарите“ против Борец.
7. ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ (БОРЕЦ)
Максимално активен во средниот ред на велешани, цврст и во дефанзивните задачи на средбата со Работнички.
8. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)
Креатор на играта на „црвено-црните“, дуелот го зачини и со убав погодок во победата од 3-0.
9. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Се враќа во добро препознатливата форма. И втор едноподруго натпревар стрелец за Шкендија, за нова победа на шампионот.
10. МАРЈАН РАДЕСКИ (ШКЕНДИЈА)
Запиша убав, ефектен, погодок со кој Шкендија го отвори патот до новата победа во шампионатот.
11. ИЛИРИД АДЕМИ (РЕНОВА)
Влезе од клупата и ја донесе победата за Ренова. Покрај погодокот имаше уште неколку одлични индивидуални акции, максимално опасен по одбраната на Македонија ЃП.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: БУЈАР ИСЛАМИ (РЕНОВА)
По три едноподруго порази Ренова повторно се врати на победите, одигрувајќи одличен натпревар на гостувањето против Македонија ЃП. „Гипсарите“ одиграа тактички повеќе од прецизно за три бода на секогаш тешкото гостување во Ѓорче Петров.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
