
Сосема е јасно дека крајна неизвесност ќе има во двете второлигашки конкуренции во бтката за прволигашка промоција сезонава. Брегалница во 4. коло не успеа да дојде до триумф, Тиквеш беше убедлив а Беласица загуби од Кожуф што јасно покажува за израмнетоста на четирите екипи кои ќе бијат најголема битка за првото место. На Западот, Скопје ја доби пресметката во дербито со Лабуништа а Пелистер запиша убедлив триумф против Охрид.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 4. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ТРАЈЧЕ НИКОВ (КОЖУФ)
Сигурен на голот на гевгеличани во победата на гостински терен против Беласица. Имаше неколку интервенции значително допринесувајќи за трите бода.
2. АРМЕНД ДАУТИ (ГОСТИВАР)
Квалитетна партија на дефанзивецот на Гостивар внесувајќи максимална сигурност во одбраната, во триумфот против Кораби.
3. ВАНЧЕ ШИКОВ (ТИКВЕШ)
Искусниот поранешен репрезентативец беспрекорно ја заврши задачата во убедливата победа, иако објективно дефанзивците на Тиквеш и немаа посериозни закани кон својот гол на мечот со Питу Гули.
4. БЛАГОЈА ЉАМЧЕВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Сигурно игра на Љамчевски во триумфот против Охрид од 1-5, заокружена и со еден погодок.
5. МИРЧЕ ПОПОВ (КОЖУФ)
Искусниот дефанзивец сигурен контролор на играта на Кожуф кој стигна до изненадувачка победа против Беласица во Струмица.
6. РОБЕРТ МИТЕВ (ТИКВЕШ)
Хет-трик во победата од 5-0 против Питу Гули, најзаслужниот за убедливиот триумф на кавадаречкиот состав.
7. ФИЛИП ЈАНЕВСКИ (СКОПЈЕ)
Творецот на победата на Скопје, постигнувајќи го единствениот гол на мечот во самиот финиш, во дербито против Лабуништа.
8. ЗОРАН ЗЛАТКОВСКИ (САСА)
Одлична партија на Златковски, заокружена и со погодок, во ремито (2-2) со големиот фаворит Брегалница.
9. МУРАТ АДИЛИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)
Велазерими стигна до сосема заслужена победа (3-2) против Вардар Форино, а офанзивецот на кичевци беше стрелец на еден од погодоците за својот тим.
10. БОШКО СТУПИЌ (КИТ ГО)
Кит Го стигна до првата победа сезонава. Стрелец на единствениот гол за пехчевци беше Бошко Ступиќ по прекрасното проигрување од Петар Најдов.
11. АНДРЕЈ КУДИЈАН (ПЛАЧКОВИЦА)
Неверојатна партија на младиот офанзивец на радовишани, кој постигна четири гола во гостинската победа на Плачковица од 2-5 против прилепска Победа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
