Скопје направи големо изненадување со триумфот (1-2) над Академија Пандев во Струмица. Младиот Леонид Игнатов потсети дека е еден од најталентираните фудбалери во Првата лига.
Шкендија не успеа да го победи Борец дома, а Работнички загуби од Струга ТЛ. Тоа ги чинеше работа досегашните тренери на овие екипи, Бруно Акраповиќ и Борче Христов.
Шкупи со судни маки го победи Тиквеш, а Брегалница и Ренова имаа жесток дуел на комплексот на ФФМ.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 25.коло во Првата фудбалска лига. Го предводи тренерот на ФК Скопје, Љупчо Марковски.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА 25.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА!
- СТЕФАН ЈАКИМОВСКИ (БОРЕЦ)
- ГЕОРГЕ ЈАНКУЛОВ (БОРЕЦ)
- ФАУСТИН СЕНГОР (ШКУПИ)
- ХРИСТИЈАН ПЕЦОВ (СКОПЈЕ)
- УРОШ ДАМЊАНОВИЌ (БРЕГАЛНИЦА)
- СЕФЕР ЕМИНИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
- АБДУЛХАДИ ЈАХЈА (СТРУГА ТЛ)
- БУЊАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТЛ)
- ЛЕОНИД ИГНАТОВ (СКОПЈЕ)
- РЕМЗИФАИК СЕЛМАНИ (РЕНОВА)
- МАРЈАН РАДЕСКИ (ШКУПИ)
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЉУПЧО МАРКОВСКИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal