Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 22.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА !

Работнички доминантно го победи Шкупи, Пелистер славеше и на трет меч по ред, а Шкендија веќе 180 минути нема постигнато гол. Вардар извлече реми дома против Струга Трим Лум, а без голови заврши градското дерби во Струмица. 

Следува третиот круг од првенството кој ќе донесе уште поголема возбуда. 

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 22. коло во Првата фудбалска лига

1. ХАДИС ВЕЛИИ (РЕНОВА)

Имаше забележителен настап на тетовското градско дерби, ја сочува мрежата против лидерот Шкендија.

2. ХРИСТИЈАН ГРОЗДАНОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Одигра безмалку перфектно и го стави в џеб новиот напаѓач на Шкупи, Региналдо. 

3. АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ (СТРУГА ТРУМ ЛУМ)

Беше квалитетен во одбраната, а и реализатор на пенал за Струга ТЛ на гостувањето против Вардар.

4. НЕНАД МИШКОВСКИ (РЕНОВА)

Дефанзивецот одигра без грешка и доминираше во сопствениот шеснаесетник, а одбраната на Ренова одолеа на сите напади на Шкендија. 

5. ЕРМЕДИН АДЕМ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Тој е неуморен, бескомпромисен, внесе дополнителна енергија во тимот за прв пролетен триумф на Македонија ЃП.

6. БОЈАН НАЈДЕНОВ (ВАРДАР) 

Носи искуство, смиреност и квалитет во средниот ред на Вардар. Вистински благодет за тренерот Никола Илиевски Џиџи во младиот состав на „црвено-црните“.

7. ФИЛИП ПЕТКОВСКИ (ВАРДАР)

Го постигна израмнувачкиот погодок за Вардар и донесе бод на дуелот против Струга Трим Лум.

8. ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ) 

Талентираниот играч за врска умее да пронајде решенија кои ривалите апсолутно не можат да ги следат и да ги неутрализираат. 

9. КРИСТИЈАН СТОЈКОСКИ (РАБОТНИЧКИ)

Одигра одличен натпревар против Шкупи, постигна погодок и забележа асистенција во првите десетина минути, а продолжи да ја „тероризира“ одбраната на противникот до крајот на мечот. 

10. ИВАН ПЕЈАКОВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Повторно е херој на Пелистер и стрелец на погодок за три бода. 

11. НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (РАБОТНИЧКИ)

Потврдува дека е големо засилување за Работнички. На самиот почеток ја разби одбраната на Шкупи, постигна преубав гол со глава, а беше постојана опасност за голманот Наумовски.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВЛАХО (РАБОТНИЧКИ)

Новиот изглед на Работнички делува неверојатно добро. Офанзивен пристап, игра со висок пресинг, брза реакција во средниот ред, цврста одбрана. Александар Влахо создаде тим кој плени со играта во пролетниот дел од првенството. 

Advertisement

Facebook

Тимови