
Шкендија ја декласира Македонија ЃП и сега е два чекори напред на врвот, Шкупи се врати во победнички ритам, а и Работнички се потсети како изгледа кога ќе победиш. Силекс го совлада Вардар и со играч помалку, а Академија Пандев продолжи да тоне, Ќатип Османи ја препороди Ренова. Ова е накусо е сублиматот на 14.коло во елитната фудбалска конкуренција.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на колото во Првата фудбалска лига.
ХАДИС ВЕЛИИ (РЕНОВА)
Сигурен на голот, влева самодоверба, успеа да ја сочува мрежата мирна, а Ренова на крајот оствари победа во Струмица.
ГОРАН СИЛЈАНОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Тој е лидерот на Работнички, секогаш активен по десната страна, дава придонес и во средниот ред, многу акции започнуваат токму од капитенот, а „романтичарите“ конечно се израдуваа.
ЕГЗОН БЕЈТУЛАИ (ШКЕНДИЈА)
Репрезентативниот стопер не даде ни пиле да прелета, а камоли „лав“ да се закани кон голот на Костадин Захов.
БРАНИСЛАВ ТРАЈКОВИЌ (РАБОТНИЧКИ)
Тој е „командантот“ во одбраната на Работнички и после долг период успеаја да ја сочуваат мрежата. Пелистер не беше без закани, но Трајковиќ секогаш бескомпромисно реагираше.
ДРАГАН СТОЈКОВ (РАБОТНИЧКИ)
Инспиратор на играта на „романтичарите“ и голем борец во средниот ред. Овие „работници“ ретко кој ги наградува, но се највредните во тимот.
ЕНУР ТОТРЕ (ШКЕНДИЈА)
Во отсуство на Алими и на Ахмеди, тој ја презеде комплетно одговорноста и одигра одличен меч. Врвен преглед на играта, асистенции, но и постигна погодок.
ШЕФИТ ШЕФИТИ (РЕНОВА)
Беше најснаодлив во противничкиот шеснаесетник и кога беше најпотребно успеа да погоди. Со неговиот гол Ренова врза две последовни победи и полека крева глава од дното.
ДЕНИС РИСТОВ (СИЛЕКС)
Можеби имаше и среќа, но се најде на вистинското место и реагираше како искусен стрелец, со глава тресејќи ја мрежата на Вардар. Учествуваше активно речиси во секоја акција на својот тим.
ДЕМБО ДАРБО (ШКУПИ)
Двоен стрелец за Шкупи. Тимот од Чаир се врати на победнички колосек, а Дембо Дарбо двои со играта, силен, брз и ефикасен.
НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (БОРЕЦ)
Кога се крши резултатот тука е Никола Прелчец. Стрелецот на Борец уште еднаш покажа дека е најдобар во решавачките моменти на мечот.
БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Најдобриот стрелец покажува дека е најдобар на дерби-натпреварите. Постигна погодок, подели асистенции, ја скрши Македонија ЃП уште по првото полувреме.
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЕРНЕСТ ЃОКА
Ја разби Македонија ЃП за само половина час. По првото полувреме Шкендија водеше со убедливи 3-0, а тој успеа да најде начин да ги покрие „дупките“ во средниот ред со неиграњето на Арменд Алими и на Валон Ахмеди. „Петката“ во мрежата на Македонија ЃП доволно говори како одигра неговиот тим.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски го презема Хаџер и се враќа во Саудиска Арабија

Интернационалци
Убав гол на Јани Атанасов за Краковија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Само реми за ПСЖ против Клермон

Интернационалци
Валон Етеми стрелец, Истанбулспор поразен (ВИДЕО)

Интернационалци
Убав гол на Јани Атанасов за Краковија (ВИДЕО)

Интернационалци
Валон Етеми стрелец, Истанбулспор поразен (ВИДЕО)
