
Вардар е осамен лидер во Првата македонска фудбалска лига по 12. коло откако триумфираше со 2-0 во градската пресметка со Работнички, а притоа искористувајќи го поразот на Академија Пандев од Борец во Велес. Силекс триумфираше против Струга ТЛ, Македонија ЃП и Шкендија ремизираа без голови, како и Ренова и Шкупи кои одиграа без победник.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 12. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:
1. МАРКО ЈОВАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Голманот на „лавовите“ еден од најзабележителните на дуелот против Шкендија. Јовановски беше одличен на голот на домашните во неколку наврати интервенирајќи на крајот за реми без голови.
2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (СИЛЕКС)
Квалитетна партија на Тимовски. Асистент за погодокот на Ивановски со кој Силекс дојде до триумф против Струга Трим Лум.
3. ТРАЈЧЕ СТОЈКОВСКИ (БОРЕЦ)
Дефанзивниот ред на велешани одигра одличен натпревар, Стојковски лидер во одбраната со повеќе од квалитетна игра во триумфот против Академија Пандев.
4. НЕНАД МИШКОВСКИ (РЕНОВА)
Покрај дефанзивните задачи, Мишковски овој пат и реализаторски расположен во ремито од 2-2 против Шкупи.
5. ГЛЕДИ МИЦИ (ШКЕНДИЈА)
Нова позитивна партија на албанскиот интернационалец во редовите на Шкендија. Максимално активен на левата бековска позиција и во средниот ред.
6. ДАРКО МИЦЕВСКИ (ВАРДАР)
Квалитетно издание на Мицевски во средниот ред, контрола на играта и беспрекорност во извршувањето на неопходните дефанзивни задачи.
7. ОЛИВЕР ПЕЕВ (БОРЕЦ)
Еден од најдобрите на дуелот во Велес, цврст, сигурен во средниот ред, активатор на акцијата за единствениот погодок на натпреварот.
8. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)
Творецот на победата на Вардар против Работнички. Стрелец на двата погодоци во триумфот од 2-0.
9. НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (БОРЕЦ)
Постигна прекрасен гол, извонреден индивидуален потег со кој донесе три бода за Борец против Академија Пандев.
10. ИВАН ИВАНОВСКИ (СИЛЕКС)
Херојот во триумфот на Силекс. Одлично реагираше во 64. минута постигнувајќи ефектен погодок за значајна победа на кратовци.
11. ФАТЈОН ЈУСУФИ (ШКУПИ)
Влезе од клупата и донесе бод за својот тим. Стрелец на голот во последните секунди со кој чаирчани ремизираа на гостувањето против Ренова во Тетово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
