
Фудбалерите на Кит Го го одбележаа колото во второлигашката конкуренција запишувајќи гостинска победа против лидерот Кожуф во Гевгелија. Само уште еден триумф на пехчевци во низа против фаворитите со кој сега веќе сериозно атакуваат и на самиот врв на Истокот. Нова победа и на Брегалница, а Беласица е нов лидерот по триумфот над Победа. На Западот, пак, Пелистер продолжува со поразите овој пат на домашен терен од Скопје. Врвот го освојува Велазерими кој триумфираше во дербито на гостински терен против Лабуништа.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 11. коло од двете второлигашки конкуренции…
1. ГОРАН ПАШОВСКИ (КИТ ГО)
Одличен меч на искусниот чувар на мрежата на Кит Го. Не дозволи погодок во својата мрежа значајно допринесувајќи во триумфот на пехчевци. Од него почна и акцијата за првиот погодок на Кит Го.
2. ФАТМИР АРИФ (КОРАБИ)
Крилниот фудбалер на Кораби имаше повеќе од квалитетен натпревар заокружен и со погодок во победата над Дрита.
3. ОЛИВЕР ХРИСТОВ (КИТ ГО)
Во континуитет квалитетни партии на дефанзивецот Христов. Сигурен во одбраната каде се неутрализираа нападите на гевгеличани во триумфот над Кожуф.
4. АЈРАДИН ЦУЦУЛИ (ВЕЛАЗЕРИМИ)
Одличен натпревар на централниот дефанзивец на Велазерими. Сигурен пред својот гол не дозволувајќи во серија наврати посериозни шанси за противникот.
5. АЛЕКСАНДАР МИЛУШЕВ (БЕЛАСИЦА)
Творецот на победата на Беласица против Победа. Стрелец на единствениот гол кој значеше и враќање за струмичани на врвот од табелата.
6. МУСТАФА ЈУСУФ (СКОПЈЕ)
Играч на колото во Втората лига. Фудбалерот од средниот ред на Скопје постигна два погодоци во триумфот од 2-3 на гостувањето против Пелистер во Битола.
7. МАРТИН СТОЈАНОВ (БРЕГАЛНИЦА)
Влезе во игра во второто полувреме и со погодок успеа да донесе пресврт победа за Брегалница на гостувањето против Осогово во Кочани.
8. АРИАН ЕЈУПИ (ВАРДАР ФОРИНО)
Еден од најзабележителните фудбалери во редовите на Вардар Форино. Стрелец и на еден гол во победата од 1-2 на гостински терен против Кадино.
9. БОШКО СТУПИЌ (КИТ ГО)
Заедно со Најдов креаторите на победата на Кит Го против Кожуф. Најпрво асистираше на Најдов за водство од 0-1, а потоа и самиот постигна прекрасен гол со пета за победа од 0-2.
10. ПЕТАР НАЈДОВ (КИТ ГО)
Најдобриот поединец во триумфот на Кит Го на гостувањето против Кожуф. Постигна убав гол со шут од околу 18 метри за водство од 1-0, а асистираше и за вториот погодок на Ступиќ.
11. АЗДРЕН МЕНА (ВЕЛАЗЕРИМИ)
Кичевци дојдоа до голема победа од 0-1 на гостувањето против Велазерими во дерби пресметката од Втората лига – Запад. А стрелец на единствениот погодок Мена за значајни три бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
