Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 11. КОЛО!

Академија Пандев по убедливата победа над Македонија ЃП од 4-0 во дербито на коло ја запоседна лидерската позиција на табелата, иако со ист број бодови како и Вардар. Шкендија конечно победи, заслужено со 3-0 против Силекс, а „домашното коло“ го заокружија и победите на Шкупи против Работнички односно Струга ТЛ против Ренова.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 11. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:

1. УРОШ ЃУРИЌ (СТРУГА ТЛ)

Уште еден одличен натпревар на голманот на Струга ТЛ. Сигурен, стабилен, без грешка на својот гол во победата против Ренова.

2. ВЛАДИЦА БРДАРОВСКИ (ВАРДАР)

Квалитетна партија на Брдаровски, максимално активен и во средниот ред со офанзивни задача, наспроти сигурноста во дефанзивата.

3. БЕСАРТ КРИВАЊЕВА (ШКУПИ)

Беспрекорен дуел на дефанзивецот на Шкупи кој одигра значајна улога во неутрализирањето на акциите на противникот, и празната мрежа во триумфот над Работнички.

4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (СТРУГА ТЛ)

Покрај одличната дефанзива, ја донесе и победата за својот тим против Ренова. Одлично се снајде во мешаницата пред голот на гостите реализирајќи за триумф од 1-0.

5. ГЛЕДИ МИЦИ (ШКЕНДИЈА)

Еден од најзабележителните во победата на Шкендија против Силекс. Стрелец и на вториот погодок за својот тим.

6. ЃОРЃИ СТОИЛОВ (АК. ПАНДЕВ)

Повторно една од клучните фигури за победа на „пандевци“. Одличен во средниот ред, стрелец и на еден од погодоците во триумфот од 4-0 против Македонија ЃП.

7. АЛИ АДЕМ (ВАРДАР)

Во континуитет бележи одлични натпревари за Вардар. Во победата над Борец запишувајќи го и првиот свој сезонски гол во црвено-црниот дрес.

8. БЕСАР ИСЕНИ (ШКУПИ)

Ја најави победата за својот тим против „романтичарите“. Украде топка па на основа на индивидуалните квалитети ја отвори победата за Шкупи.

9. СЕРЖИЊО (ШКУПИ)

Стрелец на еден од головите во победата од 2-0 против Работнички, постојана закана по противничкиот гол во текот на целиот натпревар.

10. АГИМ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)

Најдобриот поединец во триумфот на Шкендија. Креатор на играта на тетовци, одлично асистираше за вториот погодок на тимот, а по неговиот корнер гостите постигнаа автогол за победа од 3-0.

11. ЉУПЧЕ ДОРИЕВ (АК. ПАНДЕВ)

Играч на натпреварот во Струмица. Постигна погодок за 1-0 најавувајќи ја победата на „пандевци“ а потоа уште во два наврати одлично асистираше во триумфот од 4-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови