Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 1. КОЛО!

Изненадувачки пораз на Академија Пандев од Пелистер во Битола, но главно очекувана разврска во 1. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Сосема е јасно дека Шкендија и Шкупи ќе имаат централните улоги во шампионатот кој е пред нас, но Силекс отворено потврди дека повторно ќе претендира за највисок пласман. Факт е дека пред Вардар е напорна сезона, а и „романтичарите“ ги чека тежок период до добивањето на посакуваната прволигашка форма.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 1. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:

1. ДАВОР ТАЛЕСКИ (ПЕЛИСТЕР)

Сигурен на голот на Пелистер, цврст, стабилен на линијата во неколку пресудни моменти од мечот кои отворија пат за победа на битолчани против Академија Пандев.

2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (СИЛЕКС)

Како и секогаш сигурен без грешки во одбраната, максимално активен во офанзивните акции на тимот.

3. ТОМЕ КИТАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Веднаш потврди дека ќе биде од голема помош за одбраната на Македонија ЃП во новата сезона, понесе добар дел од товарот во дефанзивата.

4. АЛЕКСАНДАР РИСТЕВСКИ (СТРУГА ТЛ)

Квалитетно одигран натпревар. Одбраната на стружани имаше тешка задача на гостувањето во Тетово, но успеа соодветно да одговори на предизвикот.

5. ЏЕЛИЛ АБДУЛА (РЕНОВА)

Максимално активен и во офанзивата на тимот, цврст во средниот ред, беспрекорен во одбраната.

6. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Повторно покажа дека ќе биде еден од клучните играчи на „лавовите“ и во новата сезона. Стрелец и на првиот погодок во триумфот од 2-1 против Работнички.

7. ДЕНИС РИСТОВ (СИЛЕКС)

Го заживеа нападот на кратовци во второто полувреме, а го постигна и голот на колот на стартот од новата сезона во убедливата победа од 0-6 на Силекс против Беласица.

8. ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)

Играч на мечот во Чаир. Со прекрасниот гол во вториот дел, но и асистенцијата за израмнувачкиот погодок, најзаслужен што Шкендија си замина без пораз од Скопје.

9. АНЕС ХОТ (ПЕЛИСТЕР)

Творецот на победата на Пелистер против Академија Пандев. Постигна извонредно луциден погодок, на крајот доволен за трите бода на битолчани.

10. ДАРБО ДЕМБО (ШКУПИ)

Офанзивецот на Шкупи одигра одличен натпревар, но не успеа да донесе победа за својот тим. Стрелец на двата погодоци за чаирчани во ремито со Шкендија.

11. НИКОЛА РАДОВИЌ (БОРЕЦ)

Херојот за првата историска победа на Борец против Вардар среде Скопје. Стрелец на единствениот гол за велешани, иако можеше и дополнително да се прослави доколку реализираше уште неколку 100% шанси на „Тодор Проески“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови