Наспроти разочарувачкиот месец октомври, кавадаречки Тиквеш одлично ја почна сезоната во Втората лига – Исток потврдувајќи ја фаворитската улога во желбата за прволигашка промоција.
Месец септември дефинитивно беше во знакот на кавадарчани кои беа лидери на првенствената табелата. A добар дел од позитивните резултати на тимот реализирани на крилјата на капитенот Ѓорѓи Мојсов кој се издвои во изборот на МАКФУДБАЛ за играч на месец септември во Втората лига. Мојсов запиша два погодоци во месец септември за Тиквеш притоа одлчувајќи ја со погодок за три бода и големата дерби пресметка на Истокот против Брегалница во Штип.
„Задоволство ми е што добивам вакво признание, кое во секој случај е заслуга на целиот тим за игрите на почетокот од сезоната. Наша главна цел сезонава секако е, и останува, висок пласман на првенствената табела во Втората лига и борба за место во Првата лига. Долго е првенството и очекувани се падови во играта на тимовите. Сите овие резултатски случувања во Втората лига – Исток навестуваат максимално израмнета борба меѓу четири тима кои претендираат за водечките две позиции“ – вели Ѓорѓи Мојсов.
Тиквеш по десет кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 20 бода, три помалку од водечкиот Кожуф од кого загуби изминатово коло на домашен терен, во директната пресметка за првото место.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski