Шкупи ја зголеми предноста над Шкендија на огромни десет бодови. Полека може да се лади шампанско на Чаир, а големи заслуги за тоа има напаѓачот Сандеј Адетунџи. Повторно извлече триумф за Шкупи на дуелот против Тиквеш.
Беше двоен стрелец и ги откажа кавадарчани од надежта за позитивен резултат. Доминантен е во противничкиот шеснаесетник со своите физички предиспозиции, неверојатно ефикасен кога ќе му се укаже шанса.
Сандеј Адетунџи го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 21.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ. Тој го предводи и МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal