Гостивар ја оствари втората победа во шампионатот, многу значајна ако се знае дека со тоа ја напушти и последната позиција на табелата. Очигледно дека промената на тренерската позиција донесе резултат, а и ангажманот на неколку сериозни засилувања во тимот во последен момент.
Такво засилување за Гостивар е и корпулентниот напаѓач Ланре Кехинде. Тој веднаш покажа дека се работи за квалитетен стрелец и успеа да ја затресе мрежата на Вардар во моменти кога се кршеше играта.
Ланре Кехинде е избран за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на 8.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













