Струга Трим Лум покажа дека ќе биде повеќе од тежок противник за секој тим на натпреварите пред своите навивачи, со уште еден триумф овој пат од 2-1 против Силекс во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Стружани до трите бода стигнаа благодарение на двата погодоци на Христијан Кировски кој со своето издание на дуелот против кратовци без сомнение се издвои и како играч на 3. коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Знаевме дека играме против квалитетен и цврст противник, затоа не се залетувавме многу и трпеливо ги чекавме нашите шанси. Одигравме мудро и сосема заслужено стигнавме до победата. Мислам дека добро бевме подготвени за натпреварот знаејќи што не чека. Имаме добар старт на сезоната, но не сакаме воопшто да летаме во облаци, туку напротив мора да останеме цврсто на земја и додека не оствариме првата наша цел – опстанок во лигата, да не помислуваме на ништо друго“ – вели Кировски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













