Тиквеш води трка за влез во Првата лига со големиот конкурент Брегалница во Втората лига Исток, а еден од големите адути на кавадаречкиот состав е напаѓачот Симеон Христов. Со сериозен прволигашки капацитет, но и со интернационално искуство зад себе, Симе Христов со леснотија ги тресе мрежите во второлигашкото друштво.
Беше стрелец на хет – трик на дуелот против Каменица Саса во триумфот на Тиквеш од 3-0. Одигра одличен натпревар и го заслужи епитетот за најдобар МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 9.коло во вторите лиги.
Во следното коло Тиквеш на домашен терен ја пречекува Плачковица, уште еден нов предизвик за Симеон Христов да придодаде нови голови на личното голгетерско конто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













