
Тој носи енергија во нападот и прави разлика. Две карактеристики по кои се издвојуваат најквалитетните фудбалери од сите останати. Мартин Мирчевски блескаше на градското дерби меѓу Вардар и Македонија ЃП, беше директен учесник во двата гола што ги постигнаа „црвено-црните“. Стрелец и асистент, меч-мејкер за својот тим. За жал, Вардар киксна во одбраната и не успеа да ја сочува предноста.
Луциден дриблер, брз и непредвидлив, Мартин Мирчевски е напаст за противниците. Во Вардар ја доби шансата да игра на големата сцена и ја користи на најдобар можен начин. Во изборот на МАКФУДБАЛ, тој е најдобар играч на 17.коло во Првата фудбалска лига.
Вардар во последното есенско коло гостува во Струмица и ќе ги одмери силите со Беласица, тимот од каде Мартин Мирчевски и пристигна во редовите на „црвено-црните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
