Брани во голем стил од почетокот на сезоната, а на секој натпревар е подобар. Младинскиот репрезентативец Ристо Јанков блескаше и на дуелот меѓу Шкендија и Работнички во Тетово. Со неколку фантастични одбрани ги одржа „романтичарите“ во живот, а на крајот Работнички успеа да освои бод на жешкиот терен во Тетово.
Скроти неколку удари на Бесарт Ибраими, Љупчо Дориев, Валон Ахмеди, во вистински момент му даде импулс на тимот да издржи, а потоа следеше израмнувачкиот погодок на Лука Станковски. Во завршницата исто така се испречи пред Дориев кој имаше одлична шанса.
Со своето издание на мечот против Шкендија, голманот на Работнички, Ристо Јанков, го заслужи епитетот играч на 10.коло во Првата фудбалска лига во изборот на МАКФУДБАЛ. Тој имаше сериозна конкуренција и во младинскиот репрезентативец од Македонија ЃП, Арби Воша, кој блескаше против Академија Пандев.
Во следното коло, Јанков и Работнички имаат ново искушение против Шкупи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski