
Конечно, дочекавме Македонија да биде дел од едно големо натпреварување. Ова е исполнување на сонот за сите Македонци, а посебно горди сме ние кои долги години го носевме репрезентативниот дрес.
Горан Пандев е уште таму како предводник, тој е „вечен“, и кога го гледам како игра му се восхитувам. Со каква само страст и тој и другите играат. Затоа има и резултати, затоа е Македонија дел од Европско.
Што е успех? Успех е самиот чин што Македонија е таму. Но, знам, секој фудбалер, секој спортист сака повеќе, сака да победи на секој натпревар. И сигурен сум дека момците ќе дадат се од себе. Покажаа дека можат да играат и против најсилните, докажаа дека имаат квалитет и јас силно верувам дека ќе имаат одлични резултати и на Европското првенство.
Противниците во групата? По мерка се. Нема да анализирам, да споредувам, знам дека Македонија може против сите да се надева на победа. Ако се погоди денот, ако тргне, што велиме ние фудбалерите, Македонија може да ги победи и Австрија и Украина и Холандија. Имаме, навистина имаме голем квалитет во репрезентацијата.
Среќен сум многу што го има тој победнички дух, што размислуваме за себе, а не каков е противникот.
Најважен е секогаш првиот нареден натпревар. Така е секогаш во фудбалот. Ако оствариме победа против Австрија, па и реми не е лош резултат на дебито на ЕВРО, тогаш Македонија ќе се наметне како сериозен кандидат за втората фаза. И според квалитетот оваа селекција тоа го заслужува – може да го оствари.
Дали две ремија или една победа? Јасно е. Победа носи три победа. И што е уште поважно, носи огромна радост за македонскиот народ. Знам како е кога играш во националниот дрес. Цела Македонија е со тебе.
Првиот натпревар ќе го гледам дома во Струга. За вториот, можно е да дојдам и во Букурешт. Да навивам од трибините. Го отслужив искрено и чесно моето во репрезентативниот дрес, сега младите се на сцена, а јас ќе бидам најголемиот навивач на Македонија на ЕВРО.
Можете момци, цела Македонија е со вас, го знаете тоа! Напред Македонија, со цело срце!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
