Connect with us

Македонија У21 минимално загуби од Полска

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година доживеа минимален пораз (0-1) од фаворитот Полска на квалификацискиот натпревар што се одигра во Битола. Гостите беа подобар ривал, а од 78.минута играа и со играч повеќе поради исклучувањето на Димески.

Полска дојде во водство во 33.минута, со голот на Филип Коцаба.

По шест одиграни кола од квалификациите, Македонија има пет порази и само еден триумф, со гол-разлика 5-13. Полска има максимални шест победи и 18 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови