Connect with us

Македонија У19 триумфираше против БиХ

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го одигра вториот контролен меч против соодветната селекција на БиХ на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски во еден интересен и возбудлив натпревар успеаја да слават победа со 2-0.

Нашите фудбалери одиграа многу подобар меч во однос на првата контролна пресметка помеѓу овие две селекции и успеаа да се реваншираат за поразот.

Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Каба Јакупи стрелаше прецизно во 52. минута за предност од 1-0 за Македонија. Во последните минути од мечот Фикрет Љиварека погоди за конечни 2-0. 

Пријателски натпревар во Скопје 

Репрезентации до 19 години

Македонија – БиХ   2-0 (0-0);

Македонија: Петар Јакимов, Максим Славков, Теодор Николовски, Никола Манојлов, Андреј Аризанкоски, Никола Величковскои, Амир Нухија, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Донарт Беџети, Лорик Каба Јакупи;

Резерви: Никола Талески, Фикрет Љиварека, Андреј Велков, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Дино Михолов, Хадис Таири, Давор Серафимов;

Селектор: Тони Јакимовски;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови