Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да оствари минимална победа со 2-1 над соодветната селекција на Црна Гора на вториот пријателски натпревар меѓу овие две селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје. Првиот меч Македонија го загуби со 1-5.
Нашите млади фудбалери по првиот дел имаа негатива од еден погодок, но по одличното второ полувреме и постигнатите два гола успеаја да слават победа против силниот противник.
Црна Гора прва поведе преку Заковиќ во 26. минута. Гаштаров во 73 минута постигна погодок за израмнување. Во 86 минута Македонија направи комплетен пресврт и со голот на Алмир Подграѓа славеше победа со 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула, Шкендија мина втора низ целта и ќе...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal