Connect with us

Македонија У18 подобра од Индонезија

Македонската фудбалска селекција до 18 години оствари минимална победа од 1-0 во контролниот натпревар против Индонезија, одигран во Банско, Бугарија.

Нашите фудбалери ја имаа иницијативата уште од почетокот. Првата сериозна шанса ја создаде Габриел Талевски во 30. минута со удар од 18 метри, но противничкиот голман беше сигурен. Само неколку минути подоцна, по мешаница во шеснаесетникот, најснаодлив беше Иван Танчев кој ја затресе мрежата за водство од 1-0.

Во второто полувреме Македонија продолжи со офанзивна игра. Најблиску до гол беше Давид Ангелески во 55. минута со удар од 25 метри кој заврши малку над пречката. Иако имаше уште неколку полушанси, резултатот остана непроменет до крајот.

Селекторот искористи пријателскиот натпревар за да им даде шанса на сите фудбалери, со повеќе измени во вториот дел.

Македонија следниот контролен меч ќе го одигра на 17 септември, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, против селекцијата на Унгарија.

МАКЕДОНИЈА до 18 години: 12. Дарко Јовчев, 13. Павел Марковски, 6. Мухамед Мустафи, 5. Андреј Димовски, 4. Матео Кесиќ, 10. Давид Ангелески (капитен), 20. Иван Танчев, 8. Габриел Талевски, 11 Стефан Бранковски, 9. Матеј Сејменов, 7. Дамјан Буцевски;

  1. Александар Трајков, 3. Стефан Стаматовски, 23. Стефан Секирски, 2. Рочи Албан, 18. Бојан Велков, 19. Стефан Бујаровски, 14. Јован Мрмачовски, 17. Душан Бојовиќ Заев, 15. Флори Иљази, 21. Иво Марковски, 24. Мартин Ѓоргиев, 16. Флоран Османи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови