Младата репрезентација на Македонија во периодот од 23 до 30. март ќе учествува на силен меѓународен турнир во Португалија.
Селекцијата предводена од Неџат Шабани ќе одигра три натпревари против Словачка, Португалија и Грузија.
Првиот дуел го играме против Словачка на 25. март со почеток од 14. часот. На 27. март силите ќе ги одмериме против домаќинот, Португалија во 17. часот. Два дена подоцна играме со Грузија во 11 часот.
Селекторот Неџат Шабани за претстојниот меѓународен турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ: Васко Василев, Наум Ангелов, Стефан Тасев;
ОДБРАНА: Даниел Марковски, Борјан Попоски, Енис Буќи, Максим Милошевски, Никола Павлески, Стефан Младеновски, Марио Ричков, Суфијан Чајани;
СРЕДЕН РЕД: Мартин Ѓоргиевски, Матеј Ангелов, Арбнор Мурати, Леонид Тасов, Матео Софијановски, Џезаир Авдули, Игор Јаневски;
НАПАД: Дашмир Елези, Бесар Гуџуфи, Михаил Талевски, Ерион Шуку, Димитар Трајков;
Собирот на репрезентација на Македонија до 18 години е закажан на 21. март, првиот тренинг е со почеток од 14 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski