Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена од Република Ирска со 3-2 во еден интересен натпревар со многу пресврти и отворена игра, на меѓународниот турнир „Миљан Миљаниќ“ во Стара Пазова, Србија.
Во првото полувреме видовме по еден постигнат гол во двете мрежи. Противникот во 23. минута од мечот го отвори резултат. Димитриевски постигна гол за израмнување на резултатот, а потоа младите македонски фудбалери пропуштија уште неколку добри шанси за да постигнеме нов гол.
Во продолжение од мечот, Македонија направи пресврт и поведе со 2-1, а стрелец на голот беше Алији во 65. минута. Република Ирска израмни од пенал во 80.минута, а во 89. минута стигна и до победнички погодок.
Македонија настапи во следниот состав: Ахтаров, Велков, Мелиќи, Коцев, Димитриевски, Манојлов, Мемиши, Стојковски, Јовановиќ, Ајетовиќ, Младеновски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski