МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, се одлучи за промена на формацијата, можеби и принудно, со оглед на ростерот со кој располага. Во стоперското трио ќе бидат Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу. На десната бековска позиција е Стефан Ашковски, а лево ќе делува Езгјан Алиоски.
Во средниот ред, Спировски како последен играч за врска и Барди и Елмас поблиску кон противничкиот гол.
Во нападот се Бојан Миовски и Милан Ристовски.
Грузијците се во очекуваниот најсилен состав, предводени од најголемата ѕвезда Квича Кварацкелија, кој во нападот ќе игра заедно со Буду Зивзивадзе и со Зурико Давиташвили.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













